| четврток, 6 декември 2018 |

Во Индонезија егзекутирани шест лица поради трговија со дрога

индонезија

Во Индонезија синоќа беа егзекутирани шест лица, осудени на смртни казни поради трговија со дрога.

Кусо по полноќ на различни локации беа застрелани четворица мажи, од Малави, Бразил, Нигерија и Холандија и две жени, една Виетнамка и една Индонезијка.

Ова се првите смртни пресуди од почетокот на мандатот на претседателот Џоко Видодо во октомври минатата година. Тој одби да ги помилува шестмината обвинети, како и уште 60 други лица со смртни пресуди за трговија со дрога.

„Амнести интернешнл“ ја нарече егзекуцијата чекор назад за човековите права во земјата.

Бразил и Холандија ги отповикаа своите амбасадори во Џакарта, како знак на протест поради одбивањето на претседателот да им излезе во пресрет на нивните молби за помилување на нивните државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top