| четврток, 6 декември 2018 |

Обновен сообраќајот во тунелот под Ламанш

ламанс

Движењето на патничките и товарните возови во тунелот под Ламанш беше обновено денеска, откако вчера беше прекинато поради пожар во камион, натоварен на еден од товарните возови, соопшти компанијата оператор на тунелот и на товарните возови „Евротунел“.

Сообраќајот бил обновен од Велика Британија во 2:45 часот по локално време, а од Франција во 4:30 часот по локално време.

„Евростар“, компанијата оператор на патнички возови објави синоќа дека нејзините возови од денеска повторно ќе сообраќаат под Ламанш, но оти ќе има доцнења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top