| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски грабеж: Ископале тунел под банката и украле 250 000 долари, банкарите вчера го нашле сефот празен

Околу 250.000 долари и злато украле непознати лица од банка во Мумбај. Кражбата ја извршиле преку тунел ископан под банката.

Тие два месеци го копале тунелот и ископаната земја ја ставале на празна површина во близина на продавница што ја изнајмиле шест месеци порано. Тајмс од Индија објави дека ограбувачите ископале тунел под банката и така влегле во собата со сефови од каде биле земени парите и златото.

Како што соопшти полицијата, ограбувачите ископале тунел долг 12 метри и еден метар широк. Грабежот, за кој се претпоставува дека е изведен во текот на викендот, е пријавен од вработените во банката кога вчера дошле на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top