| четврток, 6 декември 2018 |

Карикатурите во „Шарли ебдо“ ја заштитуваат слободата на религијата

сарли

Главниот уредник на „Шарли ебдо“, Жерард Биар изјави дека со објавувањето на карикатурите со верски ликови францускиот неделник всушност ја заштитува слободата на религијата.

– Секогаш кога го цртаме Мухамед, независно дали е тоа цртеж со Мухамед или цртеж со Бога ние ја заштитуваме слободата на религијата – изјави Биар во интервју за американскиот ТВ канал Ен-Би-Си Њуз.

Тој појасни дека карикатурите всушност укажуваат дека Бог не треба да биде јавна и политичка фиугура, туку нешто лично и интимно.

Според  него религијата не треба да биде политички аргумент, бидејќи „кога таа ќе излезе на политичката арена станува тоталитарен аргумент“.

– Секуларизмот не заштитува од тоа, секуларизмот ја гарантира демократијата и го обезбедува мирот. Секуларизмот им овозможува на сите верници и неверници да живеат во мир и за тоа всушност се бориме ние – истакна Биар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top