| четврток, 6 декември 2018 |

Херојот Кајт: Конечно сонот стана реалност

dirk kajt

Холандскиот гигант, Феенорд по пауза од 18 години повторно е шампион на Холандија, а јунак на одлучувачкиот меч против Хераклес беше ветеранот Дирк Кајт.

Поранешната ѕвезда на Ливерпул на овој дуел постигна хет-трик и така го реши прашањето на новиот шампион во Холандија, а по мечот изјави дека конечно сонот стана реалност за фановите и фудбалерите на Феенорд.

– Конечно, сонот стана реалност. Не само мој, тука на сите овие прекрасни луѓе – фудбалери и членови на овој клуб и навивачи. Чекавме и дочекавме. 18 години не се малку, но навивачите секогаш беа тука со нас. За нив ова е како религија, бидејќи знаеме колку многу го чекаа овој прекрасен момент – истакна Холанѓанецот.

Со 36 години и 296 дена Кајт стана највозрасниот стрелец во холандското првенство веднаш зад легендарниот Јохан Кројф (37 години и 11 дена). Оваа сезона русокосиот фудбалер запиша 15 гола на 38 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top