Гувернерот на Швајцарската народна банка Томас Јордан изјави дека „одлуката на швајцарската народна банка (СНБ) за отпуштање на курсот на франкот била нужна. Но, тој нагласува дека се работи само за привремена мерка.
Тој тврди дека тој потег бил неопходен бидејќи со продолжувањето на претходните политики, народната банка би ризикувала губење на долгорочниот надзор над сопствената монетарна политика.
Јордан смета дека пазарите реагирале претерано нервозно и дека ќе треба доста време курсната напнатост да се донесе во рамнотежа.
– СНБ е независна централна банка. Нашите овластувања подразбираат самостојно донесување на одлуки – рекол Јордан.
Во Швајцарската народна банка сфатиле дека повеќе нема смисла таквата државна интервенција на пазарот на капитал. На крајот секој фиксен курс значи дека на пазарот повеќе не владее основното правило каде односот на понудата и побарувачката ја одредуваат цената.
– Швајцарските франци се бараат сè повеќе, а еврото сè помалку, и СНБ тука веќе не можеше „да го држи прстот во дупката на дното на чамецот евро“, банката соопшти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.