| четврток, 6 декември 2018 |

Мерката стапува на сила веднаш: Бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух

­ Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух. Мерката ја објави градоначалникот Шилегов, кој истакна дека стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.

Тој апелираше граѓаните без потреба да не користат возила или доколку мораат да ги користат, во возилата да се возат повеќе лица и побара да не се користат несоодветн материјали за затоплување на домовите. Најави дека Градот Скопје ќе ги прекине сите градежни активности што се под негова ингеренција и препорача и градоначалниците на општините да го направат истото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top