Галатасарај одигра пријателска средба со аргентинскиот тим Ривер Плата која заврши без победник 1:1.
Стрелец на голот за турскиот тим беше македонскиот интернационалец Горан Пандев кој погоди во 41-та минута за 1:0, а потоа во 88-та Диаз израмни на 1:1 и го постави конечниот резултат.
Сепак, Пандев остави црна дамка во добриот негов настап на овој натпревар откако во 49-тата минута влезе во блиска средба со противнички играч, кој претходно остро стартуваше врз него.
Секако, со оглед дека беше пријателски меч, оваа реакција не му беше потребна на струмичанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


