Иран го забрани реформаторскиот весник „Мардон Емроуз“, поради тоа што на својата насловна страница го објави слоганот „Јас сум Шарли“.
Слоганот е обајвен покрај фотографија на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, кој неодамна на една манифестација ги изговори овие зборови.
Слоганот „Јас сум Шарли“ стана симбол на борбата за слобода на изразување по смртоносниот напад врз просториите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз, во кој беа убиени 12 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.