| четврток, 6 декември 2018 |

Британка уапсена поради сомнение за тероризам

heathrow_1549949cБританската полиција уапсила 18-годишна девојка на лондонскиот аеродром поради сомневање за учество во подготовка на терористички напади и припадност кон забранета организација, соопшти полицијата.

Таа е уапсена вчера по слетувањето на аеродромот Станстед, а нејзиното апсење е во врска со претходна истрага во која во октомври е уапсен 21-годишен маж.

24C4FED200000578-2913734-image-a-22_1421452229107Жената е префрлена во полициската станица во Лондон, каде и е одредена мерка притвор.

Ова апсење е најново во серијата која ја спроведоа британските безбедносни претставници, откако закана од тероризам е покрената во август поради ризикот кој го претставуваат борви на ИД, кои во татковината се враќаат од Ирак и Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top