Кандидатот за градоначалник на општина Центар на коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски, утрово на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографии од искршени стакла во неговиот изборен штаб во Центар.
Жерновски како одговорен за нападот го прозва неговиот противкандидат од коалицијата „За подобра Македонија“, Владимир Тодоровиќ.
Опозицискиот кандидат за градоналачник тврди дека ноќеска бил каменуван и неговиот штаб во Дебар маало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.