| четврток, 6 декември 2018 |

Кредитниот рејтинг на Грција на преразгледување

grcija znameАгенцијата „Фич“ го постави долгорочниот кредитен рејтинг на Грција „Б“ на преразгледување со „негативна“ прогноза. Периодот на политичка неопределеност ги зголемил ризиците за кредитната способност на Грција. Можното отворање на пристапот до финансискиот пазар може да биде одложено за неколку месеци.

Објавувањето на предвремени парламентарни избори на 25 јануари ја направило насоката на грчката политика понеопределена, смета агенцијата. „Фич“ истакнува дека малку е веројатно да продолжи периодот на политичка неопределност, но претставува ризик за враќање кон рецесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top