| четврток, 6 декември 2018 |

Европските купови без македонски фудбалери по елиминацијата на Стеауа (видео)

Македонскиот фудбал остана без претставници во европските купови, по вечерашната елиминација на Стеауа од Челси, во рамките на Лига на Европа. Даниел Георгиевски беше последниот мохиканец, како член на романскиот тим, но вечерва и тој се прости од евронастапите. Против Челси не доби шанса да игра иако минатиот викенд се врати на фудбалските терени, по четиримесечна пауза поради скршеницата на ногата. Челси во дуел на тимови што биле европски прваци победи со 3-1 и ја избриша предноста од 1-0 на Стеауа, од првиот меч.

Мата, Тери и Торес погодија за пласман на англискиот клуб во четврт-финалето. Киричес беше стрелец за Стеауа.


szólj hozzá: Chelsea 3-1 Steaua MATCH HIGHLIGHTS

За успешен марш на англиските екипи, се погрижи и Њукасл, со елиминација на Анжи. Папис Сисе во 93. минута ја затресе мрежата на рускиот состав, што беше доволно и трета екипа од Островот да се најде меѓу осумте најдобри.


szólj hozzá: Newcastle United 1-0 Anzhi www.shoootv.com

Со нови победи, Бенфика и Лацио го потврдија пласманот во четвртфиналето. Либор Козак 3 пати ја погоди мрежата на Штутгарт во вечерашната победа од 3-1 во Рим. Лацио мина понатаму со вкупен резултат од 5-1.


szólj hozzá: Lazio 3-1 Stuttgart MATCH HIGHLIGHTS

Бенфика со 3-2 го совлада Бордо во Франција, со што ја потврди победата од првиот меч со 1-0.

На Фенербахче му беше доволен и нерешениот резултат, 1-1, вечерва, за да го елиминира Плзењ. Клучна беше победата на турскиот тим во Чешка, со 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top