Стотина лица се собраа денеска во Истанбул пред џамија во квартот Фатих да оддадат почит на Шериф и Саид Куаши, двајцата сторители на крвавиот напад врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз.
Демонстрантите, кои се собраа на повик на радикална исламистичка асоцијација Братска платформа на другари на пророкот, поставија транспарент со портрети на двајцата враќа Куаши и на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен и носеа натписи „Сите ние сме Куаши“.
Турската полиција не дозволи групата, што скандираше „Алах е најголем“ да почне со марш околу џамијата.
Браќата Куаши беа застрелани од полицијата на 9 јануари, два дена откако убија 12 лица во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.