| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоровиќ: Опозицијата против „Скопје 2014“ како алиби за неспособноста

todorovic kapistecПроектот „Скопје 2014“ е мегапроект, кој тешко би можел да го реализира која било власт во која било земја. Тоа што опозицијата го напаѓа неаргументирано е само за да си ја оправда својата неспособност кога таа била на власт.

Ова вечерва на мини-митинг во населбата Буњаковец го истакна градоначалникот на Центар и кандидат за уште еден мандат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.

Тој осврнувајќи се на својата програма со која ја бара довербата за претстојните избори подвлече дека проектот „Скопје 2014“ треба да продолжи.

– Приказната за Центар мора да продолжи бидејќи Центар заслужува да го задржи епитетот европски – посочи Тодоровиќ.

Ја побара поддршката од присутните порачувајќи дека треба да гласаат за оние што работат и што оставија неповторливи дела, подвлекувајќи дека четири години тој и неговиот тим работеа на подобрување на животот и функционалноста на сите населби во општината. Потсети и на дел од реализираните проекти во општина Центар.

– Изградивме прекрасно и современо шеталиште во централното градско јадро, кај хотел „Јадран„ – „Сквер Јадран“,  ја реконструиравме и ја претворивме во прекрасно шеталиште, улицата Никола Вапцаров,  која оди кон плоштадот „Македонија“, кај кафулето „Тренд“. Oпштина Центар тоа го направи со мостот на уметноста – симболот на Општината – пешачки мост на реката Вардар кон Oбвинителството, мостот „Око“ – кон влезот на новиот објект на Археолошкиот музеј, ја изградивме катната гаража кај Судска палата, која обезбеди 500 паркинг- места за граѓаните и вработените во околните институции – рече Тодоровиќ.

Меѓу другото, тој ги издвои и изградбата на двокатен монтажен паркинг-простор на улицата „Народен фронт“ во Капиштец, покривањето на каналот на улицата „Салвадор Аљенде“ и  почетокот со изградба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“, која треба да биде готова за два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top