Новинарите денеска рекоа дека со последната пресуда на Апелацискиот суд за намалување на казната затвор за новинарот Томислав Кежаровски од 4,5 на 2 години затвор, судот само се обиде да ја поправи грешката која ја направија претходните судски инстанци. За нас, рекоа новинарите, единствена пресуда која можеше да биде донесена е ослободителна, а не намалување на две години затвор за Кежаровски. Судот со оваа пресуда сака да покаже дека се смилувал, а токму тоа за нас е неприфатливо и е огромна штета за слободата на говорот и медиумите. За нас слободата на Кежаровски е безусловна, таа е наша слобода, порачаа новинрите и ги повика сите колеги и граѓани да се приклучат во борбата за слобода и слобода на говор која сите ја заслужуваме.
Во вторник во 12 часот новинарите ќе одржат протест пред зградата на скопските судови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.