| четврток, 6 декември 2018 |

Кежаровски останува на слобода, Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на обвинителството

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на Обвинителството која беше поднесена по одлуката на скопскиот основен суд за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Со таквата одлука на Апелација, новинарот останува на слобода.

Тој  беше ослободен од издржувањето на останатиот дел од казната за затвор на којашто беше осуден, на барање од директорот на КПУ Затвор Скопје.

Кежаровски беше осуден на четири и пол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Апелацискиот суд му ја намали казната затвор на две години. Со оглед на тоа што на новинарот му се сметаше времето поминато во притвор, му остануваа уште помалку од четири месеци затвор од казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top