| четврток, 6 декември 2018 |

Имотот на Кежаровски гаранција за неговата слобода

kezarovski-strajkВо новинарскиот синдикат се вознемирени, поради тоа што изминува и вториот месец од притворот на новинарот Томислав Кежаровски.

„Застануваме позади неговата одлука да штрајкува со глад. Македонија ќе стане земја во која се затвараат новинари и штрајкуваат со глад“, вели Чаусидис за 24 вести.

Како гаранција за ослободување од притвор и да добие можност да се брани од слобода бил понуден неговиот имот – потврдува Синдикатот. Неговата одбрана очекува до крајот на неделата судот да донесе одлука по ваквото барање:

„Го доставивме барањето со кое имотот на Томислав Кежаровски е даден како гаранција да биде ослободен од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Се уште немаме добиено одговор од судот, но се надеваме до крајот на неделата да одговори, по што ќе ја коментираме одлуката и најверојатно ќе знаеме што ќе се случува понатаму“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top