Заложничката криза која во моментото се одвива во Коломбес, северозападното предградие на Париз, најверојатно, нема никаква врска со тероризам. Француските медиуми пренесуваат дека станува збор за обид за грабеж на пошта, кој тргнал на лошо.
Најмалку две лица се нашле внатре и се затечени од наоружаниот киднапер, кој бил познат на француската полиција. Наводно станува збор за психички нестабилна личност со неколку помали прекршоци во досието. Преговорите се во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.