| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: На грубата игра на Тунис треба да одговориме со интелигенција

Kiril-Lazarov-1Со оглед на тоа што првиот меч се игра со Тунис во 15 часот, најмногу време беше посветено токму на анализата на тој противник. Ривалот има свои добри страни, но и мани, а нашиот капитен Кире Лазаров не се плаши од нив.

– Не нѐ плаши ништо, треба да мислиме само на себе, ако го испочитуваме она што го работиме овие 25 дена, а јас верувам во своите соиграчи, не треба да се плашиме од никого. Знаеме дека се работи за африканска земја, играат на граница на инцидент, очекувам да има многу исклучувања. Имаме доста играчи што се подготвени да влезат во дуел. Имаме искуство со играњето со Тунис, тоа се стари и искусни играчи. Играат или играле во топ 15 клуба во Европа. Ниту тие можат нам ниту ние нив да ги изненадиме. Потребен е максимален фокус, максимална борбеност. Физички сме добро подготвени, можеби најдобро од моето лично искуство што го имам со репрезентација, од минатите ЕП и СП. Ни остануваат уште 24 часа до мечот и се надевам на борбеност, па среќата да нѐ послужи – напиша Лазаров на неговата фан-страна на „Фејсбук“.

Како најдобар поединец во репрезентацијата, играч што сите го посакуваат во своите редови, Лазаров вели дека ривалот  уште во првите 10 минути од натпреварот ќе покаже какви му се намерите, и колку грубо ќе игра.

– Ние сме искусна репрезентација. Во првите 10 минути ќе се види која е нивната тактика. Ако почнат да излегуваат агресивно на нашите најдобри играчи, тоа ќе треба да го искористат другите. Не можеме да претпоставиме како ќе играат. Тие имаат добар тренер, кој потекнува од југословенската ракометна школа. Треба да бидеме подготвени на сѐ. Очекуваме агресивна игра, на која ќе треба да парираме со памет и со интелегенција – смета Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top