| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски и Петров: „Предавник“, „Лицемер“, „Грешник“

тв24Двајцата довчерашни сопартијци во врвот на СДСМ, сега „лути“ противници за градоначалничкото место во Карпош, во тв дебата не изоставија да си префрлаат кој извршил предавство, кој згрешил, а кој почитувал одлуки, или пак кој е лицемер.

Јакимовски обзнани дека 15 минути пред полноќ пред истекот на првиот рок за кандидатура бил под жесток притисок на Бранко Црвенковски. Тој повика СДСМ да ѝ ги каже вистинските причини на јавноста зошто до крај биле за бојкот на локалните избори, а две недели потоа одлучија да учествуваат на избори.

„Во што е моето предавство, во тоа што две недели потоа и СДСМ ја донесе истата одлука. СДСМ немаше намера да оди на избори и одлуката за учество на изборите ја донесе под притисок на меѓународната заедница. Тоа беше целосна капитулација за СДСМ и затоа сега на избори одат сосема неподготвени. Одлуката да се решава парламентарната криза преку локални избори е погрешна. Проблемот на таа партија е што одлуките се донесуваат во еден мал круг на луѓе, таму решаваат само два-тројца од раководството, само врхушката и никој таму не го слуша членството“, рече Јакимовски.

Тој рече дека откако одлучил да се кандидира, неговиот син добивал закани по телефон во 4 часот наутро и дека кандидатурата на Петров за Карпош е куршум во грб.

Петров, пак, и во оваа прилика продолжува со партиската „песна“ за предвремени локални избори.

„Решивме да одиме на локални избори откако добивме гаранција за предвремени парламентарни избори. Ова што го слушам ме разочарува. Ние успеавме да го натераме Никола Груевски да разговара со нас за предвремени парламентарни избори и тоа се прифати и се потпиша“, изјави Петров, за кого Јакимовски е предавник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top