| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд побара од Кери заеднички да одговорат на нападите во Франција

oland

Францускиот претседател Франсоа Оланд го повика денеска американскиот државен секретар Џон Кери да ги пронајдат заедно „потребните одговори“ за џихадистичките напади во Франција минатата недела.

– Вие исто така бевте цел на терористички напад на 11 септември 2001 година. Треба заедно да ги пронајдеме неопходните одговори. Тоа е смислата на нашата денешна средба – рече Оланд.

– Сочувствуваме со маката на францускиот народ. Сочувството на американскиот народ е мошне искрено – изјави Кери, кој пристигна во Париз за да им оддаде почит на 17-мината загинати во нападите.

– Ве набљудувавме како Вие и надлежните тимови мошне елегантно и стручно ги водевте операциите. Го набљудуваме исто така и францускиот народ, кој се обедини, како важен пример за целиот свет. Со приврзаност кон слободата и идеалите Франција испрати порака до целиот свет. Нашите срца се со вашите и јас сакам лично да го споделам ова мислење – посочи Кери

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top