| четврток, 6 декември 2018 |

Интер го победи Тотенхем со 4-1 и испадна (видео)

Интер го победи Тотенхем со 4-1 по две продолженија во Милано, но и тоа не беше доволно да се пласира во четвртфиналето на Европа Лигата во фудбал. Првиот меч заврши со победа на Тотенхем од 3-0, идентично по 90 минути беше и во Милано, вечерва, а одлучи голот на Адебајор во 96. минута. Алварез пак ја врати надежта на Интер дека ќе направи невиден подвиг, зголеми на 4-1, но на италијанскиот гигант му недостасуваше уште еден гол, па Тотенхем е четвртфиналист, благодарение на голот нагости.


szólj hozzá: Inter Milan vs Tottenham 4:1 MATCH HIGHLIGHTS

Продолженија се играа и во Русија, каде главен арбитар беше македонскиот судија Александар Ставрев. И тој и играчите на двгата тима минаа 120 минути на теренот, а подобар беше Рубин. Со головите на Рондон и на Дјадјин во дополнителното време, рускиот клуб се проби во четвртфиналето. Таму се најде и Базел, иако вечерва загуби од Зенит со 0-1. Залихата од првиот натпревар од два гола беше доволна Швајцарците да минат понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top