Првата минута во двете полувремиња беше кобна за Реал Мадрид, а кралот во Шпанија го симна од тронот Фернандо Торес. Повратникот во редовите на Атлетико Мадрид постигна два гола во првата и во 46. минута во ремито 2-2 во реваншниот дуел од осминафиналето во Националниот куп на Шпанија.
Првиот меч заврши со победа на „јорганџиите“ од 2-0 и тие ќе играат во ново дерби против Барселона. Торес во комбинација со Гризман беше џек-потот на Атлетико на реваншот со Реал. Гризман двапати му асистираше на Торес, а шпицот на шпанскиот првак беше непогрешлив.
Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Рамос и Роналдо, но тоа беше недоволно за пласман натаму на брабителот на трофејот во Купот.
Барселона уште еднаш рутински го победи Елче, овојпат на гости со 4-0, и тоа без главните ѕвезди во тимот. Меси, Нејмар, Суарез, Чави и Иниеста не играа, а сепак Каталонците беа убедливи и со вкупен резултат од 9-0 минаа понатаму.
Матје, Педро, Роберто и Адријано беа стрелци на головите за Барселона во ревншот со Елче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Кире Лазаров продожува да бомбардира каде и да настапува
-
Барса ја декласираше Валенсија во Купот на Шпанија, покер за Суарез, хет – трик за Меси (видео)
-
Тренерот на Вилјановенсе: На „Камп Ноу“ одиме на елиминација на Барселона