| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров продожува да бомбардира каде и да настапува

Vive Tauron Kielce vs FC Barcelona

Кире Лазаров ја продолжи серијата победи со Барселона на шпанската ракометна сцена, предводејќи го каталонскиот гигант до триумф на гостувањето против Гранолјерс (27-34) во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија.

Барса важеше за апсолутен фаворит во пресрет на ова гостување, епитет што Лазаров и соиграчите максимално го оправдаа со одличното издание вечерва. Иако домашниот голман Цезар Алмеида беше одлично расположен со 18 интервенции, тој сепак 34 пати ја вадеше топката од својата мрежа. Најефикасен беше токму македонскиот ас, кој со осум погодоци ја предводеше листата на стрелци, пред Сорендо со пет и Сипжак и Жалуз со по четири гола.

Најдобар поединец на натпреварот беше голманот на Барселона, Даниел Шариќ, кој го заврши натпреварот со фантастични 25 интервенции и дури 48% успешност.

Реваншот што ќе се игра викендов во Барселона ќе биде само рутинска заверка на пласманот на Барса на Ф4 турнирот од Копа дел реј, натпреварување во кое Лазаров и соиграчите го бранат трофејот освоен лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top