Каталонскиот гигант Барселона во рамките од Купот на Шпанија одигра само 0-0 на гостувањето кај нисколигашот Вилјановенсе во првиот 1/16-финален натпревар.
Тоа му даде надеж на тренерот на Вилјановенсе Хулио Кобос дека може да ја елиминра Барселона од понатамошните натпревари.
– Барселона играше добро, го имаше поседот на топката, но мислам дека резултатот е сосема праведен. Ремито не е чудо, туку плод на нашиот напорен труд. Играчите „лудо“ прославија во соблекувалната, но ние не застануваме тука, одиме на „Камп Ноу“ за да ја завршиме работата. Зошто да не, размислуваме и за елиминација на противникот, ако тоа се случи пеш ќе одам од Барселона до дома – изјави тренерот на Вилјановенсе, Хулио Кобос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.