Богатството на семејството Кардашијан доаѓа од разни извори, а банковната сметка и понатаму се полни најмногу поради снаодливоста и амбицијата на Крис Џенер, мајката на познатите сестри. Ова веќе светски познато семејство, од ден на ден е се побогато.
12. Роберт Кардашијан – првобитниот извор
Првиот сопруг на Крис Џенер и татко на четири од нејзините деца (Кортни, Ким, Клои и Роберт Џуниор) стана познат како адвокатот кој го бранеше О. Џеј Симпсон. Иако веќе беа разведени повеќе од десет години кога во 2003 тој почина од рак, семејството наводно наследи имот вреден 100 милиони долари, што беше само почеток.
11. Богатството и славата на Брус Џенер
Крис се омажи со Брус само месец по разводот со првиот сопруг. По освојувањето на златото во десетобој на Олимписките игри во Монтреал во 1976, богатството на Брус достигна до 100 милиони долари, пари кои по разделбата од минатата година беа поделени помеѓу него и Крис. Тие имаат две ќерки, Кендал и Кајли, чија популарност допрва ќе се користи.
10. Секс-снимката на Ким
Популарноста на најпознатата од петте ќерки на Крис започна со нејзиното секс-видео со поранешното момче кое „случајно“ излезе во јавност. Дистрибуцијата на видеото ја започна „Вивид ентертејнмент“, кои Ким не ги тужеше, туку досега од тоа заработи 5 милиони долари.
9. Рeалните шоуа
„Keeping Up with the Kardashians“ е само прво од реалните шоуа за семејството, а тука се и посебните изданија како „Кортни и Ким го освојуваат Њујорк“, „Кортни и Клои го освојуваат Мајами“ и ред други. Оригиналната верзија се емитува веќе осум години, а влегува во десеттата сезона. За секоја сезона целото семејство добива вкупно 10 милиони долари. Тоа не е многу, но им ги отвори вратите за следните бизниси.
8. Парфеми
Ким својот потпис го стави на четири парфеми, а сестра и Клои и нејзиниот поранешен сопруг, на еден. Семејството од овој бизнис годишно заработува околу 50 милиони долари.
7. Појавување во магазини и во реклами
Секој член на семејството добро го наплаќа појавувањето во некое списание или во реклама. А, не поминува ни ден, а да нема некој од семејството Кардашијан/Џенер во некој магазин.
6. Лични појавувања и придружби
За секое појавување на јавен настан или забава, семејството зема пари, посебно Ким која бара 100.000 долари по настан, а до милион долари за појавување на настан во странство.
Девојките добро ја наплаќаат и придружбата на милијардери на некоја забава. Ким на австрискиот тајкун Ричард Лагнер му наплати 500.000 долари за да ја одведе на Виенскиот бал.
5. Модна линија и бутици
Кортни, Ким и Клои во 2006 година го започнаа ланецот на продавници за облека „Даш“. Сега имаат четири дуќани на ексклузивни локации, што годишно им носат приход од 1,5 милиони долари.
Но, вистинскиот бум е линијата на долна облека на сестрите, која им носи 200-300 милиони долари годишно. Дополнителни пари доаѓаат и од линијата на облека за деца „Р“.
4. Ексклузивни права на вести
Ексклузивните фотографии и деталите за венчавката на Ким со кошаркарот Крис Хамфри, го коштаа магазинот „Пипл“ 1,5 милиони долари. Парот се раздели по 72 дена, а таа не му го врати ни вереничкиот прстен вреден 2 милиони долари.
Магазинот „ОК“ плати 100.000 долари само за девојачката вечер.
Не е познато колку кошташе ексклузивата за венчавката со Кање Вест, но имајќи предвид дека се работи за еден од најпопуларните рапери и продуценти во светот, бројката сигурно е двојно поголема од првиот пат.
3. Твитови
Секој член од семејството заработува од активноста на социјалните мрежи. Само Ким добива околу 10.000 долари за да искритикува некоја компанија во твит, а дупло за да пофали некоја марка.
2. Апликацијата на Ким
Самата игра „Холивуд“ е бесплатна, но се наплаќа секоја надоградба. Таа е вистински хит имајќи предвид дека во него е позајмен вистинскиот глас на Ким. Ким добива 45% од профитот.
1. Крис – мајка и менаџер
Таа е главната причина за богатството на цело семејство. Како менаџер на своите деца знае да ја искористи секоја прилика за заработка. Крис профитира и од пропаднати проекти, бидејќи знае како го сврти вниманието во своја полза. Таа е жената што ги влече сите конци во познатото семејство.
Крис добива 10% од сите заработки на нејзините 6 деца.
Извор: Хафингтон пост/Блиц
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѕвездите откриваат светла иднина: Овие хороскопски знаци наскоро ќе се збогатат
-
Еве како треба да ја прославите новата 2018 година ако сакате да бидете богати и здрави
-
Путин е на врвот – Рускиот претседател има богатство од над 40 милијарди долари?
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка