Изолацијата и надежта за подобар живот ги принудува Косовците да плаќаат и повеќе илјади евра само да обезбедат виза за Европа. Од четири до шест илјади евра е сумата која се бара за незаконски да се обезбеди една виза, туристичка или работна, за некоја од еворпските земји, јавува телевизијата Коха визион.
Да ги пронајдеш лицата кои се занимаваат со регулирање на визи на незаконски начин не е тешко. Тоа можеш да го направиш многу лесно, барајќи на интернет, велат од телевизијата. Коха визион на едно од тие лица му напиша со неофицијална адреса, оставајќи му и телефонски број за контакт и искажувајќи интерес за обезбедување виза.
Кусо потоа, како што стои во веста, „продавачите“ на визи се јавиле на оставениот телефонски број, гарантирајќи дека визата ќе биде оригинална па дури и земена од италијанската амбасада. За да бидат поубедливи во гаранцијата за оригиналност на визата тие рекле дека за тоа постапката ќе трае 15 дена. Според нив, обезбедената виза ќе биде со важност од една година и лицето ќе има право на работа во било која земја, која е дел од Шенген зоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации