| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски и Латиновски во скопски Бутел

miting butelИзработка на проект за проширување и реконструкција на улицата „Босна и Херцеговина“ и изработка на техничка документација за делот од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ до обиколницата, со што ќе се добие ново сообраќајно решение и алтернатива за жителите од општина Бутел.

Ова го вети кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски на вечерашниот митинг во скопски Бутел.

Тој истакна дека во новата програма за наредниот четиригодишен период во Бутел ќе се реализира реконструкција и изградба на повеќе фекални и атмосферски канализации и многу други проекти.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Петре Латиновски од присутните побара поддршка за неговиот трет последователен мандат за продолжување на реализација на проекти во насока на подобрување на животот на жителите на општина Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top