Централната банка на Швајцарија соопшти дека се откажува од тригодишните напори вредноста на франкот вештачки да се одржи на ниско ниво. Како резултат на тоа, швајцарскиот франк зајакна за 29 проценти во однос на еврото.
На повеќето европски берзи индексите паднаа,, поради турбуленциите на валутните пазари, откако швајцарската централна банка неочекувано ја укина одбраната на курсот на франкот кон еврото, а најголем пад имаше на швајцарската берза, што доведе до бришење на околу 100 милијарди долари вредност на акциите.
FTSEurofirst indeks индексот на 300 водечки европски акции беше околу 13.00 часот во минус 1,4 отсто, откако вчера потона за 1,6 отсто.
Франкфуртски DAX околу 13.00 часот беше во плус 0,25 отсто, на 9.841 поен, додека париски CAC се намали за 0,10 отсто, на 4.220 поени, а лондонски FTSE беше во минус 0,25 отсто, на 6.372 поени.
Швајцарската централна банка неочекувано денеска ја укина мерката за одбрана на курсот на франкот кон еврото на миниални 1,20 франци за евро, поради што курсот на франкот во еден момент скокна за 30 отсто, на 80,52 центи за евро. Подоцна сепак ослабна на 1,03 франци за евро.
Турбуленциите на валутните берзи предизвикаа остар пад на цените на европските акции, кои претходно се движеа во позитивно подрачје. Најмногу, во еден момент за дури 12 отсто, падна швајцарскиот SMI индекс, а моментно е во загуба околу 10 отсто, поради што се проценува дека вредноста на швајцарските акции паднала за околу 100 милијарди долари.
Притоа акциите на швајцарските банки Julius Bear и UBS поевтинија за 10 отсто, додека цената на производителите на луксузна опрема Swatch и Richemont, како и на производителот на цемент Holcim, потонаа помеѓу 12 и 14 отсто.
Швајцаската централна банка воведе мерка за одбрана на курсот на франкот на најмалку 1,20 за евро во септември 2011 година, за да го сопре растот на франкот кон еврото поради навалата наинвеститорите во време на должничката криза во еврозоната кои во швајцарската валута гледаа безбедно прибежиште за нивниот капитал.
Силниот франк неповолно влијае врз швајцарската економија, поради што Швајцарската централна банка во обид да спречи јакнење на валутата денеска најави зголемување на негативната каматна стапка на големите депозити по видување во франци.
Сепак, откажувањето од одбраната на минималниот курс наиде на негодување од страна на швајцарските бизнисмени. Извшрниот директор на Swatch, Ник Најек одлуката ја нарече „ѕунами бран за швајцарската економија“, додека инвеститорите беа уште поостри.
„Ова е масакар. Од сега ги продавам европските акции“, дели Дарен Кортни-Кук, директор во фондот Central Markets Investment Management.
Осцилациите на пазарот на валути предизвика пад и на цените на акциите на останатите европски берзи, поради што беа загубени утринските добивките, кои, пак, беа поттиканти со надежите за стабилизација на цените на нафтата и сировините.
„Берзите се разнишани со швајцарскиот потег. Инвеститорите сеуште се обидуваат да ги проанализираат сите последици, но ненадејниот пад на берзите и големите осцилации на валутите покажуваат дека потегот е сосема неочекуван“, вели Дејвид Маден, аналитичар во IG.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


