| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски неуспешно нè копира

vmro-sloganВМРО-ДПМНЕ го обвинува кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски, дека се обидува да копира делови од нивната програма.

– Во отсуство на сопствени идеи и дела и немање информации за веќе реализираните проекти во изминатиот период во општината каде што тој сака да биде градоначалник, Андреј Жерновски неуспешно се обидува да копира делови од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и да ги прикаже како свои идеи – стои во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваме, се додава во рекацијата, дека во изминатиот период под водство на градоначалникот Владимир Тодоровиќ успешно се реализираше проектот за реновирани и инсталирање нови енергетско-ефикасни фасади, како и со реконструкција на столаријата, при што се завршени зафатите на 11 објекти.

– Веќе се предвидени и нови зафати за реконструкција и менување со енергетско-ефикасни фасади и тоа во нашата изборна програма која случајно ја обзнанивме многу порано од неговата, пред повеќе од еден месец – се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top