| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ води во Прилеп и Штип, СДСМ во Струмица, НДП во Гостивар

izbori peiКандидатите за градоначалници на Прилеп и на Штип од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Илчо Захариев, се во убедливо водство пред своите опоненети од Коалицијата „Сојуз за иднината“ на чело со СДСМ.

Ова го покажува анкетата спроведена од Македонски центар за меѓународна соработка МЦМС и Институтот за демократија СОЦИЕТАС Цивилис-Скопје во рамки на проектот „Мојот избор“, направена меѓу 8. и 12 март, а во која се опфатени 800 испитаници.

Според анкетата, кандидатот за градоначалник на Струмица од коалицијата предводена од СДСМ, Зоран Заев е во  блага предност пред неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев, а во Гостивар Руфи Османи од НДП е пред Невзат Бејта од ДУИ.

Во Прилеп се очекува одѕив од 75,2 отсто, а за Марајн Ристески  би гласале 52,3 отсто, додека за Хари Локвенец од СДСМ само 15,1 отсто од гласачите.  На галсањето за советнички листи ВМРО-ДПМНЕ би освоило 32,3 отсто од гласовите, а СДСМ 14,6 отсто, покажуваат резултатите од анкетата.

Очекукван одѕив во Штип е 76,5 отсто, за Илчо Захариев би гласале 48,5 отсто од гласачите, а за Здравко Коцев од СДСМ 17,8. За советнички листи ВМРО-ДПМНЕ би освоило 36,5 отсто, а СДСМ 17,1 отсто.

Во Струмица очекуван одѕив е 70 проценти. За Зоран Заев би гласале 35 проценти, а за Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ 26,6 проценти.  За советнички листи СДСМ бо освоил 29,9 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ 27,4 отсто од гласовите.

Во Гостивар се очекува одѕив од 67,3 проценти. За Руфи Османи од НДП би гласале 28,8 отсто од гласачите, 23,5 проценти би биле за Невзат Бејта од ДУИ, Сашо Аќимовски од Коалицјата за „За подобра Македонија“ би добил 10,4 проценти, Мијат Садику од ДПА 3,8 и Зоран Ангелов 2,7 проценти. На гласањето за советнички листи најмногу би освоила НДП 24,7 проценти, за ДУИ би гласале 17,2, за ВМРО-ДПМНЕ 8,6, ДПА 2,8, ДПТ 2,4 и СДСМ 1,8 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top