| четврток, 6 декември 2018 |

Незаборавно шутерско шоу на Мо (видео)

Мо Вилијамс завчеравечер го постави новиот рекорд во НБА-лигата сезонава со 52 поени, а начинот на кој ги постигнуваше поените е спектакуларен. Бекот на Минесота тимбервулфс беше незадржлив, особено инспириран и мошне ефикасен против Индијана пејсерс.

mov

Поголемиот дел од поените ги постигна од необични и мошне тешки позиции, често и надвор од баланс, а комплетното достигнување е за десетка. Шоу на Мо и рекорд во НБА-сезонава, негов личен во кариерата и клупски на Минесота.

Како погодуваше Вилијамс против Индијана можете да погледнете на видеоматеријалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top