Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги посети македонските репрезентативци во Катар и им посака среќа на ракометниот мундијал што ќе почне денеска со мечот меѓу домаќинот и селекцијата на Бразил.
– Македонија очекува многу од вас. Со нетрпение го очекуваме стартот на шампионатот, со надеж дека ќе ни донесете многу причини за радост – изјави Иванов на средбата со ракометарите.
Македонија утре од 15 часот против Тунис ја почнува новата одисеја на ракометните шампионати, а во групата Б противници ќе ни бидат и Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.
Иванов е во дводневна работна посета на Катар и ќе има средби со емирот на државата, шеик Тамим Бин Хамад ал Тани, и со дел од бизнис-заедницата во најбогатата земја на планетата.
Фото: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





