| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово нападната делегацијата на премиерот Вучиќ (ВИДЕО)

Група Албанци ја нападнаа колоната возила што беа во придружба на српскиот премиер Александар Вучиќ за време на неговата посета на Косово.

vucic1-630x420

Бесните Албанци со развиорени албански знамиња во рацете, удираа по колоната автомобили и извикуваа „УЧК, УЧК“.

Како што изјави српскиот премиер, тие го шутирале автомобилот со кој се возел, на што Вучиќ им возвратил дека Косово е Србија.

– Некои го шутираа автомобилот. Не знам дали ги болат нозете. Не гледам дека постигнаа некој резултат. Ние дојдовме со пораки за мир. Никого не навредивме. А некои не можат да ја надминат својата омраза. Тоа што не навредуваа повеќе зборува за нив отколку за нас – изјави Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top