| четврток, 6 декември 2018 |

Грциjа надвор, Македониjа внатре

Би би­ло мно­гу на­ив­но да се твр­ди де­ка Гр­ци­ја на­ско­ро мо­же да ја за­гу­би сво­ја­та по­зи­ци­ја ко­ја и овоз­мо­жу­ва со по­ли­тич­ко на­силс­тво да ја бло­ки­ра Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ. Кол­ку и да е не­воз­мож­но тоа сце­на­рио, се­пак не е не­ос­твар­ли­во. Комп­ли­ку­ва­ни­те про­це­ду­ри на Европ­ска­та уни­ја ѝ да­ва­ат за пра­во на Ма­ке­до­ни­ја да се на­де­ва на из­ле­гу­ва­ње на јуж­ни­от со­сед од ЕУ и на по­че­ток на пре­го­во­ри­те за влез во ЕУ

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

За дел од ана­ли­ти­ча­ри­те раз­во­јот на на­ста­ни­те кај јуж­ни­от со­сед е мож­ност Гр­ци­ја да рас­чи­сти со сво­е­то ко­руп­тив­но по­ве­де­ние по­кри­ва­но со ла­ги во пос­лед­ни­те два­е­се­ти­на го­ди­ни и зем­ја­та, ко­ја зас­лу­же­но или не се сме­та за ко­ле­вка на де­мо­кра­ти­ја­та, да се ре­фор­ми­ра ка­ко што тоа го сто­ри­ја ре­чи­си си­те дру­ги член­ки на ЕУ. За дел од до­маш­ни­те ана­ли­ти­ча­ри, нај­но­ва­та грч­ка кри­за е мож­ност Ма­ке­до­ни­ја да до­ка­же пред наб­љу­ду­ва­чи­те од НА­ТО и од ЕУ де­ка што и да пра­ват со Гр­ци­ја не мо­жат да дој­дат до ни­ка­ков до­го­вор. Ни­кој јав­но не го­во­ри за мож­но­ста Гр­ци­ја па­ра­лел­но со из­ле­зот од евро­зо­на­та да ја на­пу­шти и Уни­ја­та, но на­де­жи­те за таа оп­ци­ја ре­ал­но се го­ле­ми.

Ед­на од пре­ми­си­те за из­ле­гу­ва­ње на Гр­ци­ја од ЕУ е не­по­чи­ту­ва­ње­то на Ати­на на ни­за прин­ци­пи на Уни­ја­та. Ако за Ма­ке­до­ни­ја е проб­лем од­но­сот со со­се­ди­те, од­нос­но од­но­сот со Гр­ци­ја, што то­гаш ќе зна­чи за ЕУ тоа што Гр­ци­ја ќе ги пре­кр­ши прин­ци­пот на еко­ном­ска ко­хе­зи­ја, на­че­ло­то на со­ли­дар­ност, су­пре­ма­ци­ја­та на за­ко­но­дав­ство­то на ЕУ врз на­ци­о­нал­на­та ле­гис­ла­ти­ва, сло­бод­на и фер тр­го­ви­ја, за­шти­та на по­тро­шу­ва­чи­те и на стран­ски­те фир­ми, пре­кр­шу­ва­ње ме­ѓу­на­род­ни до­го­во­ри, не­по­чи­ту­ва­ње на за­ед­нич­ка­та ва­лу­та и ни­за дру­ги прин­ци­пи со­др­жа­ни во до­ку­мен­ти­те на ЕУ.

Без дру­го, кој и да би­де на власт во Ати­на ќе се оби­де да ја за­др­жи зем­ја­та во ЕУ за­тоа што и из­ле­гу­ва­ње­то од ЕУ ќе би­де до­жи­ве­а­но ка­ко пре­го­ле­ма ха­ва­ри­ја, осо­бе­но за­тоа што Гр­ци­ја та­ка ќе за­гу­би и на еко­ном­ски и на по­ли­тич­ки план. А, при­тоа Гр­ци­ја ќе ја за­гу­би и сво­ја­та по­зи­ци­ја на „ре­ги­о­на­лен шеф“, ко­ја до­се­га ѝ да­ва­ше мож­ност, со пра­во­то на ве­то, на свој на­чин да ги гра­ди од­но­си­те со Ма­ке­до­ни­ја и со Ал­ба­ни­ја.

kolumna123-2

Но, спо­ред ме­ки­от устав на ЕУ, од­нос­но Ли­са­бон­ски­от до­го­вор, не се пред­ви­ду­ва де­ка не­ко­ја член­ка би мо­же­ла са­ма да из­ле­зе од ЕУ. Бри­сел­ски­те ана­ли­ти­ча­ри во 2012 го­ди­на оваа мож­ност ја ста­ви­ја са­мо во па­кет со из­лез од ЕУ. И се­га во оп­ци­ја се исти­те сце­на­ри­ја. Во на­ред­ни­ве два­е­се­ти­на де­на, до пред из­бо­ри­те за­ка­жа­ни за 25 ја­ну­а­ри, не се иск­лу­чу­ва де­ка па­ра­лел­но со под­др­шка­та за Са­ма­рас, ЕУ ќе поч­не да ги пла­ши грч­ки­те гла­са­чи и со „про­те­ру­ва­ње“ од ЕУ иа­ко тоа фор­мал­но не е мож­но. Тоа што е мож­но е од­зе­ма­ње на не­кои пра­ва на зем­ји­те-член­ки што не се од­не­су­ва­ат во сог­лас­ност со оп­шти­те ин­те­ре­си и ле­гис­ла­ти­ва на Уни­ја­та. Иа­ко тоа е ре­чи­си не­воз­мож­но да се слу­чи за­тоа што со тоа би се ур­нал це­ли­от си­стем на со­ли­дар­ност, од­зе­ма­ње­то не­кои пра­ва те­о­рет­ски е мож­но. За Ма­ке­до­ни­ја би би­ло нај­до­бро од­зе­ма­ње­то на гла­сач­ки­те пра­ва на одре­ден пер­и­од во кои зем­ја­та би ги за­вр­ши­ла пре­го­во­ри­те или ба­рем би ги поч­на­ла пре­го­во­ри­те за членс­тво. Дел од европ­ски­те струч­ња­ци сме­та­ат де­ка Гр­ци­ја не мо­же да из­ле­зе од евро­зо­на­та, а да оста­не член­ка на ЕУ, но ни­за при­ме­ри во европ­ски­те ин­сти­ту­ции по­ка­жу­ва­ат де­ка не си­те че­ко­ри во европ­ско­то се­мејс­тво се каз­ну­ва­ат ду­ри и до­кол­ку е јас­но де­ка се про­тив за­ко­но­дав­ство­то на Уни­ја­та. Тоа што ќе пре­су­ди да­ли во нај­ло­шо­то сце­на­рио Гр­ци­ја би мо­же­ла да би­де каз­не­та, со што Ма­ке­до­ни­ја би до­би­ла шан­са за пре­го­во­ри, се емо­ци­и­те на Гер­ма­ни­ја и на Фран­ци­ја, пред сѐ. На­ја­ви­те на Ан­ге­ла Мер­кел де­ка евро­зо­на­та е под­го­тве­на за из­лез на Гр­ци­ја зна­чат де­ка Бри­сел е тех­нич­ки и фи­нан­си­ски под­го­твен да из­др­жи та­ков удар, но и де­ка ве­ќе не­ма мно­гу емо­ции и раз­би­ра­ње за грч­ки­те проб­ле­ми. За Ма­ке­до­ни­ја е нај­до­бро Гр­ци­ја да оста­не во евро­зо­на­та и во исто вре­ме но­ва­та вла­да на Ципрас да доз­во­ли по­че­ток на пре­го­во­ри за членс­тво, но, ка­ко и во ни­за дру­ги слу­чаи, зем­ја­та ќе би­де под­го­тве­на на сѐ, вклу­чу­вај­ќи и по­бе­да на Са­ма­рас и про­дол­жу­ва­ње на ве­то­то од не­го­ва стра­на.

 

kolumna123-3

Ципрас не се отка­жу­ва од сво­и­те ве­ту­ва­ња

И по­крај нај­а­ви­те од Бер­лин де­ка Европ­ска­та уни­ја е под­го­тве­на за из­ле­гу­ва­ње на Гр­ци­ја од евро­зо­на­та, ли­де­рот на грч­ка­та ко­а­ли­ци­ја на ра­ди­кал­на­та ле­ви­ца (СИ­РИ­ЗА) не се отка­жу­ва од сво­и­те нај­а­ви, кои зву­чат уба­во за грч­ки­те гла­са­чи, но во еко­ном­ска смис­ла се це­лос­но не­ос­но­ва­ни. Ципрас е си­гу­рен де­ка кре­ди­то­ри­те ќе го от­пи­шат по­го­ле­ми­от дел од дол­гот на зем­ја­та во ви­си­на од 322 ми­ли­јар­ди евра иа­ко нив­ни прет­став­ни­ци ве­ќе со ме­се­ци ве­лат де­ка та­ква­та оп­ци­ја не е ре­ал­на. Ципрас во исто вре­ме го­во­ри за ба­лан­си­ран бу­џет, за га­ран­ции на штед­ни­те вло­го­ви, но и за ни­за мер­ки што се це­лос­но спро­тив­ни на ге­не­рал­ни­те за­ла­га­ња. Ба­лан­си­ран бу­џет е не­воз­мо­жен до­кол­ку тој оста­не на нај­а­ва­та за бесп­лат­на стру­ја и хра­на за око­лу еден ми­ли­он и две­сте ил­ја­ди нај­си­ро­маш­ни, нај­а­ва што ја по­вто­ру­ва во нај­но­ва­та пре­диз­бор­на кам­па­ња. На­ја­ви­те за три­на­е­сет­та пен­зи­ја за пен­зи­о­не­ри­те, вра­ќа­ње на ми­ни­мал­на­та пен­зи­ја од 750 евра (се­га таа е око­лу 500 евра) и по­ни­шту­ва­ње на це­ли­от над­во­ре­шен долг ка­ко што сто­рил За­па­дот во 1953 го­ди­на со Гер­ма­ни­ја до­пол­ни­тел­но ги ири­ти­ра европ­ски­те парт­не­ри, кои не се сог­ла­су­ва­ат со по­ли­ти­- ка­та на Ципрас.

 

Ко­а­ли­ци­ја Па­пан­дреу – Ципрас

Спо­ред пр­вич­ни­те ана­ли­зи, до­кол­ку по­бе­ди СИ­РИ­ЗА, ќе има се­ри­о­зен проб­лем да фор­ми­ра вла­да, при што со­се­ма из­вес­но е во те­кот на 2015 го­ди­на да дој­де до но­ви из­бо­ри и про­дол­жу­ва­ње на фи­нан­си­ска­та и на по­ли­тич­ка­та кри­за во Гр­ци­ја. Грч­ки­те екс­пер­ти за­се­га не ја иск­лу­чу­ва­ат мож­но­ста парт­нер на Ципрас во но­ва­та вла­да да би­де чо­ве­кот што прв приз­на јав­но де­ка Гр­ци­ја е во огром­ни дол­го­ви, по што не­го­ва­та вла­да пад­на. До­ко­лу освои 6-7 про­цен­ти од гла­со­ви­те, што се по­ста­ву­ва ка­ко цел на но­ва­та пар­ти­ја, Јор­гос Па­пан­дреу би мо­жел ба­рем при­вре­ме­но да би­де дел од вла­да­та на Ципрас. Дел од за­пад­ни­те ана­ли­ти­ча­ри, кои го сме­та­ат Па­пан­дреу за про­за­па­ден чо­век, не иск­лу­чу­ва­ат де­ка и тој би мо­жел да би­де чо­ве­кот што ќе вли­јае врз Ципрас со вре­ме да се пов­ле­че од сво­и­те ра­ди­кал­ни фи­нан­си­ски про­е­кти. Нај­до­бар на­чин да се вли­јае врз Ципрас е до­кол­ку со не­го се се­ди во вла­да­та, а вли­ја­ни­е­то го вр­ши ле­ви­чар од ка­ли­ба­рот на Па­пан­дреу. До­кол­ку Ципрас по­бе­ди, а не мо­же да со­ста­ви сам вла­да, то­гаш во игра е и акту­ел­ни­от шеф на ПА­СОК, пар­ти­ја­та што ја фор­ми­ра­ше та­тко­то на Јор­гос Па­пан­дреу. Ве­ни­зе­лос пре­ку ме­ди­у­ми­те ве­ќе му се по­ну­ди на Ципрас до­кол­ку има проб­ле­ми при фор­ми­ра­ње­то но­ва вла­де­јач­ка ко­а­ли­ци­ја.

 

(Текст објавен во 123. број на неделникот Република, 9.01.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top