Следејќи ги светските трендови за промоција на театарски претстави, покрај печатените, радио и видео материјали, кабаретската претставата “Лисистрата”доби и своја веб страница. Претставата “Лисистрата” e најновата претстава- кабаре на Театар Комедија, овој пат реализирана во соработка со Арт медиа.
Веб страницата на “Лисистрата” ја дизајнираше сценографот и видео дизајнер на претставата, Емил Петро. На веб страницата има информации за претставата, актерите и авторите, фотографии и видео од процесот на создавање на претставата, како и нејзината премиерна изведба.
“Лисистрата” својата премиера ја доживеа на 21- ви Декември минатата година, а својата прва реприза ја имаше на 25-ти истиот месец. Претставата продолжува да се игра на редовниот репертоар на Театар Комедија и следните репризи се веќе закажани за 17-ти и 27-ми Јануари.
Линкот на веб страницата за кабаретската претстава Лисистрата е http://lisistrata.teatarkomedija.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Култната „Викенд на мртовци“ премиерно на сцената на Ттеатар Комедија
-
По пауза од 25 години Коле Ангеловски повторно ја режира „Не сега, драга“, сега за шестиот роденден на Театар Комедија
-
Коле Ангеловски ја режира „Не сега, драга“ во Театар Комедија
-
Синиша Евтимов во Театар Комедија ја подготвува претставата „Жена ми се вика Борис“