| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал не смета на тројца фудбалери во продолжението од сезоната

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал, се наоѓа пред важни одлуки поврзани со играчкиот кадар во продолжение од сезоната.
Голем број играчи ги засилија „црвените ѓаволи“ во текот на летниот преоден рок, па сега Ван Гал има јасна слика на кои играчи од целиот ростер ќе смета и на кои ќе им се заблагодари за услугите.
Како јавуваат англиските медиуми прв на „отстрел“ е триото Том Клеверли, Андерс Линдегард и Дарен Флечер.

Искусниот играч за врска Флечер во есенскиот дел од сезоната се мачеше со повредите, а сега откако се врати на терените го привлекува вниманието на Вест Бромвич Албион кој веќе ја почна постапката за ангажирање на шкотскиот репрезентативец.

Кога е во прашање Том Клеверли, Англичанецот е на позајмица во Астон Вила која е расположена да го откупи договорот, а двата клуба водат разговори за висината на обесштетувањето.

Голманската позиција во Јунајтед е зајакната со доаѓањето на Виктор Валдес, искусниот голман кој токму Ван Гал го промовираше во Барселона, и во чии квалитети Ван Гал има доверба за разлика од данскиот голман Андерс Лингард.
Сепак, Лингард би можел да ја „преживее“ јануарската „чистка“ и да остане до лето сѐ додека клубот не добие конкректна понуда од некои заинтересирани клубови за услугите на овој голман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top