Специјализираниот ракометен веб-сајт „Хендбол планет“ прогнозира дека македонската селекција мундијалот во Доха ќе го заврши на деветтото место, откако групната фаза би ја завршиле на третото место зад Хрватска и зад Тунис, со што во осминафиналето би вкрстиле со Словенија, која, според нивните предвидувања, би завршила како второпласирана во групата А.
Како најголеми фаворити за златниот медал порталот ги издвојува Франција, Данска, Хрватска и Шпанија, кои би учествувале во самата завршница од шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



