| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Ер Франс“ ќе се поделат 5.000 откази?

air france

Раководството на францускиот авиопревозник „Ер Франс“ заради ослабената конкурентност предвидува нов план на намалување на бројот на работници за оваа година.

Според информациите до кои дошол францускиот весник „Фигаро“, оваа компанија во тековната година би можела да отпушти близу 5.000 вработени од вкупно 96.000.

Од дирекцијата на компанијата не сакале да го потврдат бројот на загрозени работни места, ниту рокот во кој мерката би се спровела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top