Полициското одделение во Јегуновце за девет месеци ќе добие модерен и современ објект, изграден според највисоките градежни стандарди и трендови. Објектот ќе биде функционален и репрезентативен.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили и државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска, денеска присуствуваше на поставувањето на камен темелник за изградбата на новиот објект.
Новиот објект на ПО Јегуновце лоциран во кругот на истоимената општина, ќе биде со вкупна површина од 450 метри квадратни од кои 211 метри квадратни во приземје и 238 метри квадратни просто на кат, а неговата вредност изнесува 19.311.500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лукас сам се пријавил во полиција и ја признал вината: Сакам доживотна забрана за доближување до Соња
-
Влетале со „ауди“ во полициска станица, нападнат полицаец
-
СДСМ со нова лага: Шилегов тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги отпуштило работниците од „Југохром“, а СДСМ потпиша договор дека ќе ја затвори фабриката
-
Ѓорчев: На 11 декември да гласаме за завршување на кризата