| четврток, 6 декември 2018 |

Лукас сам се пријавил во полиција и ја признал вината: Сакам доживотна забрана за доближување до Соња

Откако утрово се вратил во Белград, српскиот пејач Аца Лукас сам отишол во полициска станица каде бил сослушан по пријавата од неговата поранешна сопруга, Соња Вуксановиќ дека ја претепал. Како што јавија медиумите од соседството, тој со Обвинителството потпишал договор, според кој ја признава вината за нападот над Соња за кој ќе добие 10 месеци условна казна и 18 месеци забрана за доближување до Соња.

– Заради детето морав да признаам дека сум направил нешто што не сум го сторил. Госпоѓата тоа успеа да го изведе и на тоа и честитам. Да не го потпишев договорот, ќе требаше да одам во притвор, па оттаму да докажувам дека ништо не сум направил. Ќе се жалам само на еден дел од пресудата, на забраната од 18 месеци за доближување, сакам да биде доживотна бидејќи јас таа госпоѓа не ја познавам, изјавил Лукас.

Некаде околу 20 часот, тој си заминал од полициската станица и се упатил кон својот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top