| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Би-би-си“ веќе не важи забраната за повторно прикажување на ликот на Мухамед

bbc

Државната медиумска компанија „Би-би-си“ ја укина забраната која важеше до недоамна и со која беше забранато да се прикажува ликот на пророкот Мухамед за да не се повредат чувствата на Муслиманите.

Ваквата забрана која ги обврзуваше уредниците во информативниот и во другите сектори на „Би-би-си“ да не го прикажуваат Мухамед во форма на лик, не беше определена од некоја владина институција туку од внатрешниот правилник за однесување, што постои во компанијата.

„Би-би-си“ веќе ги прекрши сопствените правила што доскоро строго се применуваа веднаш по терористичките напади во Париз, со објавувањето на карикатурите од француското списание „Шарли Ебдо“ чии главни карукатуристи, новинари и уредници се меѓу 17 жртви на нападите од исламистичките милитантни екстремисти.

Британската јавна компанија, која дејствува како радио-телевизиски јавен сервис во Велика Британија ги објави на своите програми карикатурите на францускиот весник, известувајќи за терористичките напади во Париз.

Во официјалното соопштение од јавниот сервис што потоа уследи беше речено дека „упатството за однесување“ на новинарите и на уредниците е старо и дека тоа не ги одразува позициите на „Би-би-си“ за слободата во изразувањето на уредничките ставови што ја имаат сите програми, дури и кога станува збор за „чувствителни теми и прашања“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top