| четврток, 6 декември 2018 |

Сити го претстави новиот напаѓач

Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити денеска пред медиумите го промовираше најновото засилување Вилфред Бони.

Сега веќе поранешниот фудбалер на потпиша четиригодишен договор со „граѓаните“. Свонси како оштета ќе добие 25 милиони фунти, а неделната плата на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска ќе изнесува 100 илјади фунти.

26-­годишниот Бони изрази задоволство од трансферот во Сити и при тоа потенцира дека ќе му се оствари големата желба игра во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top