Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе достави тужба за клевета до Обвинителството против портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, бидејќи, како што наведуваат во соопштението, тој не дал никакви докази дека вицепремирот е потписник на договорот.
Измина законскиот рок од 48 часа согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за портпаролот Петре Шилегов јавно да му се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески за клеветата која јавно ја изрече на 11 и 12 јануари дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма Лудвиг Фајфер за рехабилитација на канализациската мрежа во Прилеп, наведуваат во соопштението од Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)