Во Франција се приведени 54 лице за пропагирање и глорификување на тероризмот по нападот врз сатиричниот весник „Шарли ебдо“ во Париз.
Апсењата се дел од интензивираните мерки против тероризмот преземени од француските власти по најсмртоносните напади на француска територија по Втората светска војна.
За дел од приведените веќе се подигнати обвиненија. Меѓу приведените е и комичарот Диедон Мбала Мбала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


