| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер го враќа ретрото во мода

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед следната сезона, најверојатно ќе настапуваат во ретро дресови. Доминантна боја како и досега ќе биде црвената, со некои надополнувања на рабовите на дресот.

Промената на дресовите се должи на промената на производителот на опрема. По долгогодишна соработка со „Најк“, Манчестер Јунајтед одлучи да продолжи со опрема на „Адидас“.

Според деталите од договорот со германскиот производител на спортска опрема, Манчестер за десет години ќе заработи 750 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top