Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ги повика Србите од Косово да не ги продаваат своите имоти и им порача дека државата ќе остане со нив и ќе им помага, пренесува Танјуг.
Вучиќ денеска го посети селото Пасјане и во него отвори породилиште. Ова е прва посета на српски премиер на овој регион на Косово од 1999 година.
Владата на Србија не ве заборави и никогаш нема да ве заборави. Имаме намера и тука, како и во Грачаница и Косовска Митровица, да отвориме свои канцеларии, изјави српскиот премиер пред неколку илјади граѓани, кои го пречекаа со овации и српски знамиња.
Вучиќ истакна дека е неопходно поголемо присуство на српските институции во Косово, како и поголемо инвестирање.
Наша работа е да ви обезбедиме патишта, да ви обезбедиме работа, рече тој.
Отворајќи го породилиштето, српскиот премиер рече дека во Косово се раѓаат најголем број деца во Србија.
Тоа е нашата лулка и никој нема да не спречи децата тука да продолжат да се раѓаат, рече тој.
Српскиот премиер истакна дека Владата на Србија сака да има мир и стабилност и рече дека Србите треба да имаат добри односи со соседите Албанци.
Во посетата на Косово заедно со српскиот премиер се и министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, министерот за правда, Никола Селаковиќ, министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, министерот за здравство, Златибор Лончар, и министерот за труд Александар Вулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


