| четврток, 6 декември 2018 |

Комуникацијата на интернет од мозок до мозок, не е толку далеку

web-brain-getty-c-DONTUSEAGAIN

Интернет врските стануваат се побрзи и многу уреди кои ги поседуваат луѓето помагаат секогаш да бидат онлајн, што доведува до чувство на спонтана имеил комуникација.

Еден ќе прати меил, друг ќе го добие, отвори и одговори, а сето тоа за само неколку секунди. Без оглед дали некој мисли дека таа инстант комуникација е добра или не, тоа е нешто што се случува.

Не толку одамна се чекаше со денови или недели да стигне писмо, а денес ако некој чека неколку часа да му стигне меил делува како цела вечност.

Кога сето тоа ќе се земе предвид, веројатно последна станица во брзината на интернет врските би било тоа да може да се оствари директна комуникација од еден мозок до друг преку интернет. Ако мозоците би биле директно поврзани, не би имало потреба за пишување на пораки, туку едноставно би можело да се мисли за она што се сака да се испрати на пријател, без оглед дали тој е во соседната соба или на другиот крај на светот.

Секако, човекот тоа се уште не го постигнал, но неодамнешни истражувања направија прв чекор во таквото поврзување меѓу луѓето кои се илјадници километри одалечени еден од друг. Таа работа е само доказ на концепт, како што накусо објаснува директорот на „Старлаб“ и еден од истражувачите на проектот Џулио Руфини. К

ако што тврделе некои, тимот не праќал зборови, мисли и емоции, туку направиле нешто многу поедноставно.

Еве како изгледало тоа. Еден учесник на проектот, овој пат човек од Индија, бил поврзан на компјутер, т.е. читач на мозочни бранови низ черепот. Потоа на тоа лице му било кажано да замисли дека ги помрднува рацете или нозете. Ако замислил дека ги мрда нозете, компјутерот тоа го читал како нула, а ако ги мрдал рацете, тоа се читало како единица.

Потоа, тој низ од единици и нули бил пратен на интернет до примачот, човек во Франција кој таму бил поврзан на нешто што се вика ТМС робот. Тој робот е дизајниран така да прима силни, но куси електрични импулси во мозокот.

Кога праќачот мислел за тоа дека ги мрда рацете, ТМС роботот примал сигнал во вид на светлина, иако на примачот очите му биле затвотени. Тој не гледал светлина ако праќачот мислел дека ги мрда нозете.

За пораката да има поголема смисла, истражувачите направиле шифра. Еден низ од нули и единици значело здраво, а друг пријатно и примачот врз основа на светлината што ја гледа или не ја гледа, може да протолкува кој збор му е испратен.

Сето тоа можеби звучи едноставно, но во секој сегмент има многу компликации. Праќачот мора екстремно да се концентрира и да се фокусира на мрдање на екстремитетите, бидејќи било која друга мозочна активност може да го замагли сигналот и да направи тешко да се прочита пораката.

Вушност, праќачот мора да биде добро увежбан да го направи тоа како што треба. Исто така, целиот процес не е брз. Истражувачите оценуваат дека од мозок до мозок брзината на пренос е околу 2 бита во минута, така испраќањето и на наједноставна порака трае некое време, но кога тоа се случило, според Руфини, било многу возбудливо.

– Овој експеримент може да се гледа на два начина, вели тој и додава дека од една страна тоа е прашање на техниката и претставува многу скромен доказ на концептот. Од друга страна, тоа е за прв пат тоа да се направи па претпоставувам дека тоа е историски момент.

Всушност постои и расправа околу тоа дали тој експеримент навистина е прв. Минатата година тим од Харвард поврза човечки мозок со опаш од глушец и беше во состојба само со размислување да предизвика опашот да мрдне.

Исто така, слични експериметни се правени и на Универзитетот во Вашингтон. Меѓутоа, Руфини има големи соништа. Тој сака да овозможи праќање на емоции, чувства и сите мисли, директно од мозок во мозок…

– Tехнологијата е се уште ограничена, но еден ден може ќе стане многу моќна, вели тој и истакнува дека еден ден вербалната комуникација ќе биде надмината.

Следниот чекор им е да се обидат да пратат нешто многу покомплицирано од нули и единици. Меѓутоа, таа моќ има и свои опасни страни, бидејќи се што се праќа по пат на интернет може да се хакира и да се следи.

Руфини пак вели дека таа можност може да се употреби во негативен контекст. – Можеби некој ќе проба да преземе контрола над нечиј моторен систем, додава тој, но истакна дека треба уште многу време да помине пред да се направи нешто толку софистицирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top