– „Златна бубамара на популарноста“ им соопштува на социјалците, пензионерите, политичарите и демонстрантите од позицијата и опозицијата дека подготовките за 16 издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одвиваат во најдобар ред и дека сите заедно сме на вистинскиот пат за исполнување на нашата задача за заедничка среќа, толеранција, насмевки и љубов помеѓу луѓето и сличните на нив. Нашиот буџет е скроен и е полн со ставки што ја прочистуваат мислата, го облагородуваат духот и ги задоволуваат потребите на секој човек да се чувствува како човек. Музичкиот спектакл ќе се случи на 21-ви февруари во Универзална сала со присуство на најпопуларните музичари, уметници и јавни личности и, се разбира, пред будното око на голем број обезбедувачи на добриот хумор, забава и музика“ – стои во соопштението од штабот на Радио Бубамара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.